Португалскиот тенисер Жоао Соуса го нарече Новак Ѓоковиќ помалку себичен поради одлуката да пристигне на Австралија Опен невакциниран против коронавирусот и додаде оти тоа е тешко да се прифати.

Соуса наведе дека другите тенисери се лути бидејќи Ѓоковиќ ги избегнал правилата и оти се испраќа лоша порака што тој е единствениот невакциниран тенисер на Австралија Опен.

Ја почитувам неговата борба за своите уверувања и имам емпатија за сè што минува во Австралија, но помалку е себичен таквиот однос кон колегите. Себично е од него да дојде тука како единствен невакциниран играч, Многумина од нас, не и јас, не сакавме да се вакцинираме, но моравме да го направиме тоа за да играме. Такви се правилата, а тој ги заобиколи правилата и е единствен, кој не се вакцинираше. За нас останатите играчи тоа е тешко да се прифати, иако разбирам дека тој ги брани своите идеали, изјави Соуса.

OhridNews