Само еден ден после феноменалниот концерт на Владимир Четкар секстет на „Блу Ноут“ џез фестивалот во Њујорк, најпопуларниот американски он-лајн магазин за соул и фанк музика „SoulTracks“, направи рецензија и светска премиера на неговата најнова песна „Times goеs by“ од албумот „Heavenly“. 

На овој линк може да ја прочитате рецензијата и да ја слушнете новата песна на Владимир Четкар. 

Песната „Times goes by“ го привлече вниманието на музичките легенди како Tom Moulton (таткото на ремиксот), Patrick Adams (Салсоул рекордс и Прелуд рекордс), Bob Esty (продуцентот на Дона Самер, Барбара Стрејсен, Шер), DC LaRue (Казабланка рекордс). Тие имаат многу пофалби за музичкиот материјал на охриѓанецот Четкар, кој го оценуваат како редок квалитет.

OhridNews