„Тоа значи дека одредбите за плаќање 1 евро по метар квадратен нелегализиран изграден објект нема да важи за социјалните семејства. Сопствениците, доколку поднесат барање за легализација на дивоградбата ќе добијат решение за правниот статус на објектот бесплатно, без да го платат надоместокот што и понатаму важи за сите останати сопственици на дивоградби“, рече Јанакиески.
Министерот Јанакиески информираше дека заклучно со вчерашниот ден, во општините во Република Македонија се поднесени вкупно 183.000 барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.