Поради лошата социјално-економската состојба во која се наоѓаат околу 100. 000 семејства кои се корисници на социјална помош по разни основи, Невладината организација Хоризонт Македонија, денес, во Охрид и Струга организира протест.
 
Протестот е насловен  “ И корисниците на социјална помош имаат право на живот”.

Протестот во Струга ќе започе во 11 часот пред Собранието на општината, а во Охрид во 13 часот пред Центарот за социјални работи.

OhridNews