Протестот ќе биде насловен како “ И корисниците на социјална помош имаат право на живот” .
Имено, на 14- ти јули годинава, НВО Хоризонт има поднесено барање до Претседателот на Собранието и од координаторите на пратеничките групи да изготват Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за социјална заштита и истиот да биде предложен, донесен и усвоен во Собранието на Република Македонија. Во него се опфатени следните барања: Зголемување за 100% на износот на правата на паричната помош од социјална заштита, да се измени членот со кој се предвидува намалување на сумата за исплата на корисниците на социјалната помош после втората година на 70% односно на 50% после петтата година од утврдената висина со што ќе нема намалување на истата после одреден период, да имаат право на детски додаток и семејствата кои се корисници на социјална помош, да се зголеми паричниот износ за 100% на сите права на детска заштита, да им се исплаќа секој месец паричен износ во висина на 10 евра во денарска противвреност по член на семејствата кои се корисници на парична помош по сите основи од социјална заштита од точка 1 од ова барање за да можат да ја платат потрошената електричната енергија и другите комунални услуги, како и да се врши исплата на сите права на социјална заштита од претходниот месец најдоцна до десетти во месецот, а доколку се доцни да се предвидат соодветни санкции со високи парични износи за одговорните и институциите кои не го испочитувале дадениот рок за исплата.
– Бидејќи досега нема никаков исход и се нема слух за горе наведените барања, а корисниците на социјална помош се наоѓаат во тешка и безизлезна состојба решивме да излеземе сите на протест и на тој начин да се бориме за да се удоволат горе наведените барања, велат од НВО Хоризонт.
Протестот во Струга ќе започе во 11 часот пред Собранието на општината, а во Охрид во 13 часот пред Центарот за социјални работи.