Министерството за труд и социјална политика на иницијатива на повеќе пратеници во оставка додели еднократна парична помош за неколку социјално најзагрозени семејства во Охрид. Тие како што соопшти пратеникот Цветко Грозаданов од ВМРО ДПМНЕ добија по 25.000 денари неповратна помош која е наменета за задоволување на основните потреби н семејствата. Помошта на социјално најзагрозените семејства им ја врачи државниот секретар во министерството Душко Миноски.


Министерството за труд и социјала додели еднократна парична помош за неколку охридски семјетсва

Еднократна помош добија само неколку семејства, а во Охрид на раб на егзистенција живеат над 1500 семејства. Дел од нив не можат да ги задоволат ниту основните секојдневни потреби за храна. Веќе 8-ма година тие  живеат со ветувања дека во Охрид ќе биде изградена Народна кујна. Ја ветуваа и актуелната власт и локалната самоуправа, но никако да ја изградат. Народни кујни се отворија во повеќе градови во земјава, но не и во Охрид.  Во очи изборите народните пратеници дипломатски го релативизираат проблемот. Причина за нереализираниот проект се нерешените имотно правни односи за објектот кој во 1998 година во близина на градската болница започна да го гради Никола Велјаноски-Бикчето, а во кој требаше да биде сместена народната кујна, вели пратеникот Цветко Грозданов. Тој објасни дека не е најден заедничкли јазик со локалната самоуправа и отворањето на Народната кујна во овој објект е одложено до решавање на имотно правните односи.

ohridnews
фото: Васко Бујароски