СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј “-Охрид деновиве беше училиште домаќин на Камп на иновации 2021. Со ова училиштето доби можност за вмрежување и воспоставување соработка со други средни училишта од земјата и регионот, кои се дел од семејството на Џуниор Ачивмент.
Со учеството на ваков тип активност, училиштето директно влегува во изборот за награда за најпретприемничко училиште организирано на национално и европско ниво. Тимови формирани од 40 ученици од прва до четврта година од двете струки од училиштето економско, правна и трговска струка и здравствена струка се натпреваруваа овие два дена и со помош на волонтери од локалната бизнис заедница понудија интересни решенија на зададениот бизнис предизвик. Во текот на натпреварот учениците ги зајакнуваа вештините за тимска работа, подготовка на бизнис план и негово презентирање пред жири комисија, информираат од училиштето,
Програмата е поддржана со меморандум за соработка потпишан од Министерство за образование и наука, Центар за стручно образование и обука и Биро за развој на образованието, а натпреварот е финансиски поддржан од УСАИД, Фондот за иновации и технолошки развој, а се реализира од организацијата Џуниор Ачивмент Македонија.
OhridNews