СОСУ „Св.Кирил и Методиј” Охрид испрати донација за повредените лица во пожарот во Кочани. Како што информираат од училиштето, донацијата вклучува завои, гази, инфузии, алкохол, јод и др.

Целта е да се помогне колку што може во вакво мрачно време. Секогаш стоиме на располагање да помогнеме колку што можеме за жртвите на настанот, и за тие што сега трпат последици од загубите на најблиските, велат во нивното соопштение.

Донацијата беше испратена до ЈЗУ „8-ми Септември“ каде се згрижени дел од лицата кои настрадаа во пожарот.

OhridNews