Состојбата во МЈП Проаква од ден на ден се влошува и станува алармантна. Не постои координираност во работата, ангажираноста на работната сила е недоволна,  има голема  работна недисциплина, но и голем број фиктивни вработувања, а поради недостиг на резервни делови за одржување  постои опасност претпријатието да престане да ја извршува основната дејност.

Ова се само дел од забелешките наведени во извештајот за работата на МЈП што  денеска на 18 седница на Советот на општина Струга го презентираше претседателот на УО на Проаква Плум Дика.

Дика вели дека доколку продолжи ваквата состојба постои сериозна опасност Проаква да престане со работа и затоа е најдобро да дојде до раздружување на меѓуппштинското претпријатие и да се формираат нови тре јавни претпријатија, Водовод Охрид, Водовод Струга и јавно претпријатие за колектор со седиште во Струга.