Состојбата во Маларична каде поради  застарена инсталација неодамна изби и мал пожар, полека се нормализира. Дежурни екипи на Елекро Охрид денеска ја проверуваа инсталациијата од главната електрична табла во Маларична каде изби пожарот и рекоа дека проблемот е саниран.Сепак велат тие за целосно решавање на проблемот ќе треба комплетно  да се замени  застарената инсталација.

Лекарите кои од јануари 2007 г. се концесионери во Маларична бараат подобри услови за работа, бидејќи како што велат, тие редовно ги подминрувале обврските кон Здравствениот дом. Тие неодамна со сопствени средства ги реновираа просториите во кои се сместени нивните ординации, но пропратната инфраструктура, како и самата зграда е застарена.


застарената инсталација во Маларична делумно санирана

Директорот на Здравствен дом Митко Дабески ни изјави дека со месеци чека на одговор од ЕВН како да се реши проблемот со застарената електрична инсталација. Штом ќе добиеме план за санација истиот веднаш ќе го проследиме до Министрерството за здравство од каде треба да бидат одобрени средства, но тоа е само времено решавање на проблемот, вели Дабески.

И раководството и лекарите, но и граѓаните очекуваат градските власти и државата да ги исполнат ветувањата кои ги даваат при секои избори и конечно да се зафатат со изграба на нов Здравствен дом во Охрид кој ќе ги замени субстандардните услови во кои сега се лекува третина од населението во Охрид.

Горан Момироски