За таа цел во организација на билатералниот Секретаријата за Охридско Езеро при Министерството за животна средина и просторно планирање и Спортскиот риболовен Клуб Свети Апостол Петар од Охрид, утре ќе се одржи состанок со надлежните институции, на кој како што е најавено, ќе се увидат досегашните активности кои се превземени за заштита на рибниот фонд , билатералните односи во оваа проблематика и активностите на надлежните институции од аспект на заштита на рибниот фонд и од аспект на казнената политика. – Сето тоа од причина што забележлив е тренд на зголемување на рибокрадството како од македонска така и од албанска страна и потребна е мобилизација на факторите од оваа сфера. – велат организаторите
На состанокот поканети се претставници на државни и општински институции, на Основниот суд во Охрид, полицијата, јавни установи, невладини организации и медиуми.