Стотина жители на Вевчани учествуваа во акцијата за заштита на просторот, а вклучена е и машина за расчистување на надојдениот материјал. Регионалниот центар за управување со кризи од Струга заедно со службите во подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување во Струга преземаат соодветни мерки за справување со состојбата.
Состојбата со одронот во Вевчани стабилна
Фото: Васко Бујароски