При контрола во 11 угостителски објекти не било регистрирано присуство на малолетни лица во угостителските објекти. Во три кафе-барови регистрирани биле прекршоци за гласна музика. По изготвените записници од инспекциските служби и полициските службеници, против овие правни лица, ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави, соопшти СВР Охрид.
На подрачјето на Полициската станица Охрид, иминатиов викенд евидентирани се пет кривични дела „Тешка кражба“, четири кривични дела „Кражба“ и едно нарушување на јавниот ред и мир. Покрај тоа, евидентирани се две дела „Оштетување“ и три сообраќани незгоди со предизвикана материјална штета.