Здравствената состојба на 11 годишниот Шпатим Османи кој беше тешко повреден во сообраќајната несреќа што на 12 јуни се случи кај бензинската пумпа „Петрол“ се подобрува, соопштија лекарите од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Врз Шпетим кој во судирот се здоби со тешки повреди на главата вчера итно била извршена сложена операција.
Д-р Митре Милошески не информираше дека здравствената состојба и на другите повредени пациенти е стабилана. Во тешката сообраќајна несреќа што вчера околу пладне се случи на магистралниот пат Охрид – Скопје, едно лице го загуби животот, а уште пет беа повредени, меѓу кои три деца.
страотна несреќа на влезот од Охрид
Во директниот судир на на Хјундаи со скопски регистарски таблички и Застава 101 со охридски регистарски таблички, животот го загуби возачот на заставата, 40 годишниот Веап Османи од струшкото село Г. Татеши, а трите негови деца кои патувале со него беа повредени. Повреден беше и возачот на хјундаито, како и еден работник што работел на обележување на влезот од бензинската пумпа.
До несреќата според очевидци дошло кога од засега непознати причини патничко возило Хјундаи кое се движело кон Охрид преминало на спротивната коловозна лента и директно удрило во заставата.
Г. Момироски