Министерот за здравство, Венко Филичпе вели дека е стабилна состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника.

Според моето стручно мислење и според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна, одговори кусо Филипче на новинарско прашање по пристигнувањето на правата пратка вакцини „Спутник В“ на Скопскиот аеродром.

Мицкоски вчера на својот фејсбук профил упарти порака до власта од Инфективната клиника.

Ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од Инфективна, а потоа не чека многу работа, напиша меѓу другото Мицкоски.