Селекторот на Македонија, Данило Брестовац, ги одбра ракометарите кои ќе го носат националниот дрес на Светското првенство во Египет.
Лидери на македонската ракометна репрезентација се капитенот Кирил Лазаров и капитенот на Вардар Стојаче Стоилов. На списокот од претходните големите собири фалат голманот Борко Ристовски и крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиески.
Помеѓу патниците на СП се наоѓа и охридскиот голман Никола Даниловски. Популарниот „Џамбо“ со маестралните претстави на голот од Охрид беше еден од најзаслужните за перфектниот скор „12 од 12“ во Супер лигата.
Македонската ракометна репрезентација за Египет ќе отпатува утре, а првиот натпревар го игра в четврток против составот на Шведска.
- Составот:
Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Никола Даниловски
Леви Крила: Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски
Десни Крила: Мартин Поповски, Ненад Костески
Леви Бекови: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ
Средни Бекови: Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски
Десни Бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Кружни Напаѓачи: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
OhridNews