Тим од осум луѓе во една продавница на Пума, во Лондон, за една ноќ направиле болид на Ферари, користејќи 1682 маици, 88 пара фармерки, 64 пара чевли и 31 ремен. Една седмица поминале во студио, експериментирајќи со облека вредна 40 илјади евра, за конечно да го состават болидот долг 4,2 метри.


Тркалата му се од шишиња со вода, ретровизорите од стакла на очила за сонце. Црните фармерки ги искористиле за гуми, а црвените маици за класичната боја на Ферари. Најтежок дел од работата била набавката на облека. Директорот на проектот бил многу задоволен од реакциите на посетителите.