Американецот Џејмс-Мајкл Харлан потрошил три години во изградбата на 44 метри долгата патека за формула 1. Патеката која ја завршил неодамна има 14 свиоци и четири ленти, пит стоп и пиедестал за преземање на победничките пехари. Уметничкиот дизајнер и фанатикот за автомобили мислел апсолутно на се.


Направил минијатурни сигурносни автомобили, светла, камери и прекрасен релјеф. ПАтеката ја подигнал на висина од 76 сантиметри. Има дури и мост долг шест метри. Неоженетиот Џејмс на деловите за изградба на патеката потрошил околу пет илјади долари и околу седум илјади работни часови.