Работен состанок во рамки на Проектот за интегрална заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и УНЕСКО ќе се одржи денеска во Охрид.

Главни цели ќе бидат идентификација на постојните структури и процеси во Прекуграничната соработка и воспоставување на прекугранична платформа за управување со наследството во регионот околу Охридското Езеро.

На средбата ќе присуствуваат преставници од надлежните министерства од Македонија и Албанија, локалните самоуправи во регионот, како и преставници на UNESCO, ICOMOS, IUCN.

OhridNews