Утре во  Охрид ќе биде отворен Првиот национален консултативен состанок за Дримскиот басен .

Оваа активност е прва фаза од целокупното управување со Дримскиот Басен,  наречена Дримски Дијалог во која сите инволвирани страни треба да ја финализираат анализата на сегашната состојба на сливот и да предложат мерки за заедничка визија за сливот која ќе биде преточена во проект за управување со Дримскиот Басен.

Со состанокот ќе претседаваат Дејан Пановски од Секретаријатот за Охридско Езеро, Бо Либерт од Обединетите Нации -економска комисија Европа и Мајкл Скулос од Глобалното партнерство за Води.  На отворањето се очекува да се обрати Министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија д-р Неџати Јакупи, како и специјалниот преставник на ЕУ во Македонија г-дин Ерван Фуере.

На средбата ќе учествуваат преставници на локалните самоуправи во сливот, преставници на сите надлежни институции , министерства и јавни претпријатија, преставници од енергетскиот сектор , научни работници , експерти и преставници од невладиниот сектор.

Вакви национални консултативни средби наскоро ќе се одржат и во Тирана и Подгорица, по што ќе следи објавување на заедничката визија за управување на Дримскиот Басен .

OhridNews