Во рамките на активностите за актуелизирање на прашањата поврзани со програмите за првенција од ХИВ/СИДА, Здружението „Опција“ од Охрид во четврток 8-ми октомври 2015 година ќе организира состанок со претставници на локалната самоуправа и сите позначајни државни установи на локално ниво.
Ова здружение годинава одбележува 10 години од своето работење на полето на програми за намалување на штети од употреба на дрога и програми за поддршка на сексуални работници и нивни семејства на територија на Охрид и Струга.
-Главна цел на состанокот ќе биде да се пренесат информации за досегашните активности кои се спроведуваат на локално ниво со посебен акцент на програмите за намалување на штети од употреба на дрога и нивната корист поврзана со превенцијата на ХИВ/СИДА; да се поразговара за можностите на локалната самоуправа да се вклучи во понатамошно опстојување и непречено спроведување на превентивните активности, велат од „Опција“ Охрид.
Најавениот состанокот ќе започне во 13 часот и ќе се одржува во малата сала на општина Охрид.
OhridNews