Во општина Лагада-Грција, денеска се одржа првиот состанок за IPA CBC проектот „SumBio“, за одржливо управување и третман на био-отпад со користење на метод на производство на биогориво, во кој партиципира ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.

-Со овој состанок официјално започнува имплементацијата на проектот во кој Ј.П.„Охридски Комуналец“ како проектен партнер ќе треба да набави и инсталира пилот-станица за производство на биогориво од био-отпад кој го собира претпријатието на територијата на општина Охрид, истакна директорот на јавното комунално претпријатие Љупчо Грданоски, кој присуствуваше на работниот состанок во Грција.

Проектот е финансиран од фондовите на Европската унија.

OhridNews