Тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози денеска ќе одржи состанок со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот и спасување на децата.
Досега, како што информираат од комората, ангажирани се 32 психолози за активности поврзани со последиците од пожарот во дискотеката на Кочани.
Тимот за кризни интервенции во соработка со Центарот за ментално здравје при ЦК, од раните утрински часови на 16 март беа присутни на пунктовите пред болниците 8-ми Септември, Ургентен центар, Градска болница каде што беа присутни голем број на семејства чии деца беа донесени на лекување. Ангажирани беа 12 психолози во три смени, кои даваа прва психолошка помош, посочуваат од Комората.
На денот на погребот ангажирани биле 15 психолози да присуствуваат на сите закопи во Кочани, околните села, Штип, Струмица, Скопје- ППП на семејствата кои беа дојдени на закопот, а има секојдневна работа со семејствата кои изгубиле деца во катастрофалниот пожар.
Во училиштата и факултетите, исто така, организирана е обука за ППП на 100 психолози. За таа цел, како што информираат од Комората на психолози, создаден е протокол за работа во кризни ситуации и потребни формулари.
Инаку, во пожарот во дискотеката „Пулс“ вживотот го загубија 59 лица, а ококу 200 се повредени.
OhridNews