Секторот за внатрешни работи- Охрид и Оделението за превенција, денес со почеток во 12 часот, во Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески„ ќе го одржат 17-от состанок со советодавната група на граѓани од Охрид.

На состанокот, пред присутните, ќе бидат презентирани предвидените активности од проектите „Доброволно предавање на нелегално оружје„ и  „Превенција од злоупотреба на оружје„.  кои се одвиваат под мотото „Да прославиме без оружје„.

OhridNews