На состанокот на која присуствувале претставници од РЦУК Струга, ЈЗО од ЗД Вевчани и Општата болница во Струга, претставник од граничната полиција, Здравствен дом и Црвен Крст – Струга, од одделението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Струга, СВР Струга и од Дирекцијата за заштита и спасување и Македонија Пат – секција Струга, било договорено непосредните субјекти кои стопанисуваат со браната Глобочица да пристапат кон санирање на последиците на регионалниот пат, а доколку не го можат тоа да побараат помош од други субјекти, првенствено од општината Струга ; состојбата да се надгледува од хидроцентралата Глобочица, полициската станица во Луково и Македонија Пат од Струга, а притоа редовно да се известува Регионалниот центар за управување со кризи.
Истовремено од приватното претпријатие Летница било побарано да обезбеди непречен проток на вода кај местото Даљан, односно решетките да бидат кренати до максимум за да има непречен проток на вода.