Мешовитиот Македонско – албанскиот Комитет за заштита на сливот на Охридското езеро денеска ќе одржи состанок во Поградец, Албанија.
На состанокот на кој ќе учествуваат македонскиот министер за животна среднина Имер Алиу и неговиот албански колега Љуфтер Џувели, ќе се разговара за процедурата албанската страна да ја имплементрира одлуката на УНЕСКО за добивање на статус на Охридското езеро на светско природно и културно наследство.