Француските медиуми деновиве по избивањето на аферата со големата проневера во финансиската групација „Сосиете Женерал“, лиферуваа вест дека банката  е жртва на заговор за да се спречи нејзин влез на рускиот пазар.

Банката ги отфрли таквите теории  и објави дека „Сосиете Женерал“ е  на пат да ја откупи втората по големина руска банка „Росбанка“, каде што веќе поседува акции.

Во меѓувреме аферата со проневерените пари од брокерот  Жером Кервиел, доби многу поголеми димензии откако Би-Би-Си објави дека тој на берзата проневерил 50 милијарди евра, а не 5  како што беше првично соопштено. Доколку тоа е вистина, значи дека биле проневерени повеќе пари од вкупната вредност на групацијата која е проценета на 37 милијарди евра.

Банката ги отфрли и ваквите тврдења и информираше дека „Сосиете Женерал“ е финансиски моќна да ја санира загубата предизвикана од проневерата.

ohridnews