Француската банка „Сосиете Женерал“ објави дека размислува за кастрење на 1.580 работни места во секторот за корпоративно и инвестициско банкарство, што претставува речиси 10 отсто од бројот на вработените во двата сектора.

Најавата се надоврза на минатомесечните промени во управата на банката кога беше сменет првиот човек на инвестицискиот оддел,  Мишел Перетие.

Можното укинување на работните места во „Сосиете Женерал“ би опфаќало 880 договорни откази во Франција, каде што се стационирани повеќето вработени, како и укинување на 700 работни места во другите земји, соопшти портпаролот на банката.

Банката „Сосиете Женерал“, вториот според обемот кредитор во Франција, исто така, планира во 2012 година да вработи 2.500 нови работници во Франција, имајќи предвид дека планира да го прошири работењето со граѓаните.

OhridNews
извор: Makfaks