Француската банка Сосиете Женерал (Societe Generale) и официјално влегува во Охридска банка. Охридска банка вчера објави ценовно чувствителна информација со која се информира Македонската берза дека до Управниот одбор и Менаџментот на Охридска банка АД Охрид денес е добиено Известување за намера за објавување на јавна понуда за откуп на 100% од акциите на Охридска банка АД Охрид од страна на Сосиете Женерал С.А. Париз Франција, за стекнување сопственост на минимум 51% од споменатите акции.
Сосиете преку платен оглас во македонските медиуми, денеска објави дека влегува во Охридска банка АД Охрид.
Преговорите помеѓу двете банки траеа неколку месеци. Се очекува продажбата на управувачкиот пакет акции да се случи веќе наредната недела, за што Сосиете ќе издвои околу 45 милиони евра.