Француската финансиска групација Сосиете Женерал, која е во финални преговори за преземање на Охридска банка, во Романија во 2006 заработи 193 милиони евра. Втората по големина банка во Романија БРД Груп Сосиете Женерал објави дека во 2006 ја зголемила добивката за 19 насто на 193 милиони евра.
Растежот на добивката се должи на зголемената кредитна активност и ширење на мрежата на филијали низ земјата. Кредитирањето лани било зголемено за 68 насто, а депозитите за 28 проценти.

Сосиете Женерал веќе подолго време води интензивни преговори за влез на македонскиот финансиски пазар и тоа преку Охридска банка. Неодамна менаџерски тим на Сосиете ја скенираше состојбата во Охридска, која во март ќе оджри Собрание на акционери по што треба да се случи и продажбата на банката на французите.

Во меѓувреме како што објави телевизијата А1 во игра за продажба на француски „Сосиете“ е уште еден, нов акционерски пакет, од близу 9%.

Се работи за 34 илјади акции, нова емисија во вредност од 3,4 милиони евра, која банката ја прогласи за успешна. До сега овие акции лежеа на привремени сметки на акционерите. Банката објави, дека акциите се регистрирани во Централниот депозитар.
Дали акционерскиот пакет од 9% ќе заврши во рацете на француската групација, зависи од тоа која лоби група сега ги поседува акциите, онаа што ја турка зделката за Сосиете, или онаа што се противи. Според А1 Новата емисија на акции драстично може да го смени сопственичкиот продор на групацијата од Париз, за која до сега се таксани 53% од „Охридска“.