Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе има дерби почеток откако ждребката на мегдан уште во првата рунда ги однесе Победа и Пелистер.


Повратниците во елитата дербито на стартот од сезоната место во Прилеп ќе го одиграат во Битола поради реконструкцијата на стадионот „Гоце Делчев“.

Шампионот на Македонија, Вардар одбраната на титула ќе ја започне против Шкупи на домашен терен, а најголемиот предизвикувач Шкендија во Тетово против Силекс.

Останати двојки од првата рунда се Брегалница – Ренова и Македонија Ѓорче Петров – Работнички.

Од сезонава нема да се игра плеј оф и плеј аут туку ќе се играат 36 натпревари со четирикружен систем.

OhridNews