Македонија и Србија одиграа нерешено 1:1 во пријателски контролен натпревар што денеска се одигра на Градскиот стадион во Скопје.

Гостите поведоа во финишот на првото полувреме со прекрасниот гол на Лазовиќ, а Македонија израмни преку Новески по катастрофалната грешка на српската одбрана. До крајот на натпреварот Македонија ја имаше најголемата шанса за победа но Стојков не го искористи киксот на неговиот директен чувар и од десетина метри биеше право во гостинскиот голман.


Македонија одигра нерешено против Србија 1:1

Нерешениот резултат е успех за Македонија ако се земе во предвид фактот што Србија е репрезентација од топ 30 групата. Натпреварот на „Градски“ кој се реновира, е дел од подготовките на македонската фудбалска репрезентација за мундијалскиот циклус квалификации кој започнува во септември. Дотогаш Македонија ќе одигра уште два контролни натпревари, против БиХ на гости и против Полска на неутрален терен во Германија.

Г. Момироски