Еден од соседите на Мадона во Њујорк се жалел во врска со поп-ѕвездата која прегласно пушта музика и во домот честопати одржува танчерски проби.
Карен Џорџ, која живее во стан над Мадона, во зграда во близина на Централ Парк, во тужбата поднесена до судот, вели дека пејачката го користи станот како студио за вежбање и ги вознемирува соседите со премногу гласна музика и вибрации кои продираат низ ѕидовите, таваните и радијаторите.
Оваа тортура, додава таа, трае по три часа, секој ден. Доколку тужбата е основана, Мадона по судски пат ќе мора да се исели од зградата.
Ф.К.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com