Откако се преселила на Холивуд Хилс, Џенифер Анистон пред својата куќа редовно има голем број папараци, кои ги вознемируваат и нејзините соседи. Жителите на Холивуд Хилс не се баш најсреќни поради новата сосетка, која се доселила минатиот месец. Тие негодуваат поради постојаната врева која ја прават папараците, кои се насобрани пред куќата на славната актерка.
Според зборовите на соседите, фотографите предизвикале застој во сообраќајот, а се случиле у неколку помали сообраќајни несреќи. Полицијата во Лос анџелес примила неколку повици од луѓе кои се жалеле на несаканите гости. Полицијата ја зголемила контролата во овој дел од градот, како би им обезбедиле мирен живот на своите сограѓани.