Во сопштението од МНР се наведува дека на средбата биле разменети мислења за актуелната состојба во регионот и бил поздравен позитивниот прогрес на реформите во земјата. Милошоски на средбата изразил надеж дека за време на мандатот на Соренсен, Македонија ќе ја исполни својата крајна цел – полноправно членство во Европската Унија.
Според најавите, Соренсен в петок ќе ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов.
Данскиот дипломат Соренсен ја презема функцијата по завршувањето на петгодишниот мандат на Ирецот, Ерван Фуере.
извор: Makfaks