Италијанската финансиска полиција уапсила четворица наводни припадници на мафијата кои ги псисилувале сопствениците на продавници во Неапол да купуваат од нив „Божиќни ѕвезди“ по сто пати повисока цена од големопродажната како би собрале пари за нивни колега во затвор. Изминативе три години четворица мафијаши ги присилувале сопствениците да ја купуват билката со црвен лист по цена од 100 евра за парче како би собрале пари за адвокатите на затворениот колега.

Полицијата изјавила дека четири претставници на кланот Мацарела ги посетувала сопствениците на продавниците и другите дуќани во Непаол. Доколку одбивале да ги купат нивните „Божиќни ѕвезди“, просториите биле демолирани. Припадниците на неполската Камора се оптужени за изнуда, грабеж и организирање во криминални групи.