Сопственикот на вилата во Мајами која некогаш му припаѓаше на колумбискиот нарко бос Пабло Ескобар, реши да ја сруши луксузната вила во потрага по злато и пари кои наводно се сокриени на имотот, пренесуваат американските медиуми. Кристијан де Бердоар, кој ја купи куќата во 2014 за 10 милиони долари, изјави дека рушењето на истата и потрагата по богатството би можела да трае две до три седмици. Кристијан, кој е сопственик на американскиот ланец ресторани за брза храна „Chicken Kitchen“ изјави дека откупил тим луѓе кои со метални детектори и други направи ќе го пребаруваат секој агол на куќата.

Ескобар е запаметен како најмоќен и најбогат криминалец, кој на врвот на својата моќ, во 1989 година се наоѓаше на седмото место на листата на Форбс за најбогати луѓе на светот со проценет имот во вредност од 25 милијарди долари. Сегашниот сопственик на вилата на Ескобар изрази надеж дека ќе најде пари во ѕидовите бидејќи колумбискиот „крал на кокаинот“ имал обичај на тоа место во сите куќи во негова сопственост да крие пари и други скапоцености.