Сопственикот на радиото МХ од Охрид, Зоран Здравковиќ, најави дека подготвува тужба против политичка партија која како што ни изјави го злоупотребила неговото присуство на јавен настан на кој тој службено бил присутен, во политички цели.


Најавува тужба за злоупотреба во изборна кампања  – Зоран Здравковиќ

Здравковиќ обвинува дека без негово знаење е злоупотребен во секвенца од тв спот од изборната кампања на коалицијата „За подобра Македонија“ и дека тоа според него не е направено случајно. Сметам дека на овој начин е извршена груба злоупотреба на новинарската професија и нарушен е интегритетот на јавна личност, ни изјави Здравковиќ.  „Го барам спотот кој се емитува на телевизиите да го погледнам уште еднаш, по што ќе следи тужба за организаторот на политичката кампања“, рече Здравковиќ.

ohridnews