Сопственикот на „Фиком“, Никола Николиќ бил пронајден обесен во казнено поправниот дом во Штип, пренесува „Макфакс“.

Од затворот и од Управата за извршување санкции се уште нема потврда за информацијата, а Управата најави соопштение за јавност.

Од МВР потврдуваат само дека утрово околу 7 часот било пријавено дека има починато лице во затворот во Штип, но нема информации за неговиот идентитет, бидејќи увидот е во тек.

Сопственикот на „Фиком“ беше осуден за измама на десетици граѓани, им продаваше исти станови на повеќемина потенцијални станари.

OhridNews