Сопственикот на еден кинески ресторан во градот Занг на своите гости им ставал опиум во храната како би се вратиле назад. Признал и моментално се наоѓа во притвор. Имено, сопственикот на ресторанот во август купил два килограми цветови од мај во кои имало семе од кое се прави опиум. Ги мелел и ги додавал во тестенините. Откриен е откако еден од гостите на рутиснки тест при контрола на сообраќајци бил позитивен на дрога.

Ни крив ни должен, поливајците го држеле 15 дена во притвор. Меѓутоа, момчето во еден момент се досетило на нешто што би можело да го ослободи. Со оглед на тоа што само неколку часа претходно јадел тестенини, се посомневал во нивната исправност. Го испратил семејството да ги пробаат. Откако и роднините паднале на тестот, полицијата започнала истрага против сопственикот. Го фатиле и го притвориле на десет дена. Од полицијата рекле дека необработените семенки содржат доволно опиум кој со тек на време се наталожува во телото, па може да створи зависност.