Сопственик на пицерија во Мелбурн бил казнет со повеќе од 330 илјади австралиски долари, или околу 220 илјади евра, бидејќи своите, воглавно малолетни, вработени ги плаќал со пици и безалкохолни пијалоци.
Така тој своите вработени, од кои некои имале само тринаесет години, ги оштетил за вкупно 258 илјади долари во период од три години, објавил локалниот суд. Наместо полни плати, сопствениот на своите вработени им давал пици и безалкохолни пијалоци, а судот таквата пракса ја прогласил за средновековна.