Американското семејство Рикетс, кои се сопственици на професионалниот безбол клуб Чикаго Кабс, се здружија со основачот на инвестицискиот фонд „Цитадел“ (Citadel), Кен Грифин, за да подготват понуда за купување на актуелниот европски шампион Челзи.
Формалната понуда за купување на лондонскиот премиерлигаш, кој се најде во проблеми поради санкциите воведени на неговиот досегашен сопственик Роман Абрамович поради рускиот напад на Украина, би требало да биде подготвена до петок, јавија денеска англиските медиуми.
Челзи во моментов функционира врз основа на посебна лиценца и е под контрола на британската Влада.
Абрамович го купи Челзи во 2003 година за 140 милиони фунти и во изминатите 19 години вложи во клубот околу 1.5 милијарди фунти.
Според „Форбс“, пазарната вредност на Челзи се проценува на 3.2 милијарди долари.
OhridNews