Брачен пар од Кина заедно го прославил стотиот роденден. Заедно биле 78 години. Ши Сифан и неговата сопруга Лиу Јаогу се родени на 28 декември 1912 година, и во брак биле од 1934 година и имаат четири деца, јавиле медиумите.
Живеат во кинескиот град Чандге, во куќа заедно со пет генерации од своите потомци. На нивната роденденска прослава присуствувале повеќе од 200 жители на градот. За роденденски подарок добиле телевизор. Меѓутоа, Лиу се пожалила дека има слаб вид, а грижливот сопруг рекол дека тој ќе гледа и ќе и раскажува што се случува.