Сопругот на манекенката Синди Крафорд објавил на Инстаграм фотографија на која таа позира во бикини и на тој начин го честитал Денот на вљубените. Ранде Гербер под фотографијата напишал „Таа доби цвеќе, а јас ја добив неа. Среќен Валентин!“.
Не е познато дали фотографијата навистина е фотографирана во саботата, но сеедно, мора да се каже дека Синди, која следната седмица ќе наполни 49 години, изгледа сјајно. Истовремено, манекенката на своите обожаватели им го честитала празникот преку Твитер и им порачала да се почестат со нејзиното омилено темно чоколадо.