Сандра Булок открила дека нејзиниот сопруг ги мразел сцените во кои таа водела љубов со други луѓе. Претходно се открило дека Џеси Џејмс, нејзиниот сопруг, тајно се состанувал со порно актерката Мишел МекГи Бомбшел цели единаесет месеци.
Иако Џеси ја молел Сандра да му прости, актерката се иселила од куќата. Пријателите на паров велат дека на Сандра и недостигаат неговите три деца кои ги имал од претходните бракови. Со Сандра биле во брак пет години.