Кристина Агилера јавно проговорила за своите бисексуални нагони. Пејачката рекла дека нејзиниот сопруг Џордан Бретман, со кого е во брак седум години, благонаклонето гледа кон нејзините чувства спрема женскиот пол. Таа рекла дека ја цени нежноста и убавината кај жените.
Нејзиниот сопруг знае дека и се допаѓаат девојки, а таа мисли дека е забавно да се биде отворен. Таа смета дека жените се поатрактивни, но тврди дека сопругот е љубовта на нејзиниот живот. Со него го има синот Макс кој има две години. Неодамна ја откажала летната турнеја поради пренатрупаниот распоред и зафатеноста околу нејзиниот нов албум.