Пејачката Кристина Агилера се преселила во хотел бидејќи нејзиниот наскоро поранешен сопруг Џордан Бретман сеуште живее во нивниот заеднички дом. На почетокот на овој месец кристина објавила дека се разведува од сопругот поради нивните разлики.
Иако така одлучиле, останале заедно да живеат со нивниот син Макс. Меѓутоа по се изгледа дека односот во меѓувреме им се влошил и повеќе не можат да живеат еден крај друг. Пејачката во понеделникот за прв пат на стапила по објавата на разводот на хуманитарен концерт кој го организирал Џастин Тимберлејк.