Актерот Расел Бренд, кој веќе осум месеци е во брак со пејачката Кети Пери, бил виден на филмскиот сет како се држи за рака со друга жена. Тоа се случило на снимањето на фимот “Rock Of Ages”, а за жената се претпоставува дека е дел од филмската екипа. Неговата сопруга, Кети Пери, моментално се наоѓа на светската турнеја која ќе трае до крајот на септември.
Таа се надева дека сопругот ќе и се придружи во Бразил каде треба да одржи еден од следните концерти. Тоа може и да не се случи поради криминалното досие на Бренд. Судејќи според изјавите на пријателите, Кети и Расел во последно минуваат малку време заедно, поради обостраните обврски. Парот веќе ја дал својата куќа во Лос Анџелес на продажба, бидејќи речиси цело време била празна.