Сопругот на Џенифер Лопез, Марк Антони, должи повеќе од 3 милиони долари поради неплатен данок. Музичарот и неговиот адвокат и менаџер не го коментирале случајот. На почетокот на годината бил предупреден на долгот кој требало да го исплати поради поседување на недвижности на Лонг Ајланд.
Марк, кој 2004 година се оженил за Џенифер Лопез, и во 2004 година му било наредено да плати 2 милиони долари данок откако претходно четири години го игнорирал неговото плаќање. Тој потврдил дека вината за тоа лежи во управувањето со неговата компанија и на крајот ја платил паричната казна.