Со превземените полициски мерки од СВР Охрид, утврдиле дека жената лажно пријавила во полиција, по што таа и нејзиниот сопруг заработиле соодветни кривични пријави.
Истрагата утврдила дека на 26 март 2010 година, во куќата на сопружниците во Охрид , И.К. под дејство на алкохол физички ја нападнал Ф.А. нанесувајќи и тешки телесни повреди по телото и лицето, по што наредниот ден малтретираната, во СВР Охрид, лажно пријавила дека од непознато лице била силувана.